Vol. 11 | No. 20-21, 2023


THE LANGUAGE OF YOUNG PEOPLE ON SOCIAL NETWORKS

Сунчица ТРИФУНОВСКА-ЈАНИЌ, Марина СПАСОВСКА

Abstract

Во овој труд ќе го разгледаме јазикот којшто го употребуваат младите генерации во нашата држава, и родените говорители на македонскиот и родените говорители на албанскиот јазик, при нивната комуникација на социјалните мрежи. Факт е дека во денешно време сите луѓе, без разлика на возраста, на некој начин се зависни од социјалните мрежи.Секако дека јазикот е жива материја која секојдневно се развива и менува, но, под влијание на интернетот, огромна палета нови зборови директно се вметнуваат во секојдневниот јазик којшто го користиме, без да сме свесни за тоа. Употребата на литературниот јазик кај младите, за жал, е сведена на минимум, а тоа е резултат на нивниот ʻмодеренʼ начин на живот, на нивната постојана присутност во виртуелниот свет на социјалните мрежи, каде што се губат придобивките од вербалниот говор на сметка на невербалниот јазик.

Pages: 219 - 222