ЗА ВИДОВИТЕ СИНТАКСИЧКИ ПРЕДМЕТ ВО МАКЕДОНСКИОТ И ВО АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК (ВРЗ ПРИМЕРИ ОД РОМАНОТ „ПИРАМИДАТА“ ОД ИСМАИЛ КАДАРЕ)
Марина СПАСОВСКА, Марина ДАНИЛОВСКА
Abstract
Во овој труд ќе се осврнеме на употребата на видовите синтаксички предмет во македонскиот и во албанскиот јазик, при што анализата ќе ја правиме врз основа на ексцерпирани примери од романот „Пирамидата“ од Исмаил Кадаре, односно од оригиналот на албански и од преводот на македонски јазик. Директниот и индиректниот предмет, како неопходни реченични членови, претставуваат зависни именски групи, управувани од глаголот во лична форма, односно од прирокот. Општо е познато дека една од најважните карактеристики на македонскиот јазик е удвојувањето на овие два предмета, така што ќе се ја разгледаме и оваа синтаксичка појава. Всушност, нашата намера е да видиме на кој начин се преведени ваквите форми од едниот во другиот јазик, односно дали тие имаат исти или слични синтаксички и семантички вредности.
Pages: 97 - 104