ЗАГАДОЧНОТО ВО РОМАНОТ „ПРОГОНЕТАТА: РЕКВИЕМ ЗА ЛИНДА Б.“ ОД ИСМАИЛ КАДАРЕ
Марина ДАНИЛОВСКА, Марина СПАСОВСКА
Abstract
Современата приказна во романот е, всушност, дело за мртвата девојка Линда, за спокојот на нејзината душа. Претставените настани и истражувањето за мистериозното самоубиство на Линда Б. се обвиткани во енигма, која е поттикната и од девојката чие име, Мигена, претставува анаграм на енигма. Низ страниците на книгата е претставен драматургот Рудијан Стефа, кој се обидува да открие што се случило во едно време кое е исполнето со нејаснотии, во едно време во кое една убава девојка и нејзиното семејство се наоѓаат во интернација. Токму затоа се одлучивме во фокусот на нашето внимание да го ставиме воведувањето на загадочното во текстот, односно во просторот во којшто се движат претставените ликови, како и воведувањето на таинственото во човекот.
Pages: 93 - 96