МЕТАФОРИЧНИОТ ДИСКУРС ВО ДРАМАТА „ЖИВА СФИНГА“ ОД РЕЏЕП ЌОСЈА
Марина ДАНИЛОВСКА, Марина СПАСОВСКА
Abstract
Реџеп Ќосја е претставник на модерната и постмодерната албанска литература. Тој е прозаист, драматург, но и литературен критичар, есеист и публицист. Во трудот ќе се осврнеме на метафоричниот дискурс на Реџеп Ќосја во драмата „Жива сфинга“ во којашто авторот зачнува и одредени прашања за животот и ги изразува својот став и размислувања за сè што го опкружува. Во драмскиот текст авторот создава оригинални метафори, па така, тој користи: глаголски метафори, именски метафори и метафори на припадност. Едноставно, Ќосја е мајстор во употребата на богатство на форми и на јазик којшто има повеќе значења.
Pages: 218 - 225