ПОСТМОДЕРНИЗМОТ И ЛИНГВИСТИЧКИТЕ ПРОУЧУВАЊА
Mihailo MARKOVIC, Sonja NOVOTNI
Abstract
Овој труд ја разгледува лингвистиката во рамките на постмодерната епоха како интелектуален и културен контекст што го трансформира разбирањето на јазикот. Постмодернизмот, со својот пристап кон метанаративите, го насочува вниманието кон локалните, контингентни и динамични аспекти на комуникацијата. Целта на трудот е да се прикаже како лингвистиката ја губи својата класична претензија за апсолутна објективност и се трансформира во интердисциплинарна наука која го анализира јазикот во врска со културата, моќта и идентитетот. Преку анализа на постструктуралистичките теории, современите дискурсни пристапи, дискурсната лингвистика, јазичниот идентитет и релативизмот, трудот дава свој став кон фактот дека постмодерната лингвистика отвора нови можности за критичко и емпириско истражување на јазичните појави.
Pages: 246 - 251