ТУРЦИЗМИТЕ КАКО НЕРАЗДЕЛЕН ДЕЛ ОД ЛЕКСИКАТА НА ТЕТОВСКИОТ ГОВОР
Марина СПАСОВСКА
Abstract
Имајќи го предвид фактот дека турскиот јазик извршил силно лексичко влијание врз балканските јазици, воопшто, разбирливо е тоа што и тетовскиот говор изобилува со голем број турцизми, кои претставуваат неразделен дел од неговата лексика. Некои од нив заживеале меѓу луѓето до толкава мера, што ги употребуваат без да се свесни дека станува збор за туѓи зборови, некои се употребуваат заради тоа што нема соодветна замена за нив, а некои, пак, се употребуваат заради стилска обоеност на исказот. Во нашиот труд ќе направиме класификација на турцизмите што опстојуваат во рамките на тетовскиот говор, според семантички сфери, како што се, на пример: облека, храна и пијалаци, апстрактна лексика и др. Како посебен сегмент на анализа ќе биде проследувањето на турцизмите во рамките на фразеолошките изрази во овој говор, при што ќе се разгледуваат калките или парцијалните калки од турскиот јазик и, одделно, фразеологизмите во кои се употребени турски лексеми.
Pages:
87 - 90