БАЛКАНСКИОТ ТИП НА ИДНОТО ВРЕМЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ И ВО АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК
Марина СПАСОВСКА
Abstract
Македонскиот јазик се смета за еден од словенските јазици чија граматичка структура подлежи на голем број лексички и граматички промени, настанати како резултат на неговиот непосреден контакт со балканските несловенски јазици. Токму со ваквата структура тој сè повеќе се оддалечува од своето матично семејство и му се приближува на балканското јазично семејство.Иако албанскиот јазик ù припаѓа на романската група јазици, заедно со македонскиот јазик и со другите јазици кои го сочинуваат балканскиот јазичен сојуз опстојува на еден простор каде што низ текот на времето се одвивале јазични вкрстувања кои довеле до голем број заеднички лингвистички појави. Меѓу низата такви појави е и образувањето на идното време со формите на глаголот „volere“ (сака) во скаменета форма и основниот глагол во конјунктив, односно субјунктив, појава или феномен којашто го привлекува вниманието на многумина лингвисти кои се обиделе да го анализираат. Станува збор за балканска иновација која се вгнездува и заживува во глаголските системи на сите балкански јазици.Во овој труд им посветуваме внимание токму на ваквите форми на идното време во македонскиот и во албанскиот јазик, посочувајќи ги начините на нивното образување и нивното семантичко толкување, без да се осврнеме на останатите балкански јазици.
Идното време во македонскиот литературен јазик е аналитичка глаголска форма којашто се образува со честичката ќе и со сегашно време од глаголот што се менува. Како што посочува Конески (Конески, 1967: 204-205), „партикулата ќе е остаток од 3 л. едн. сег. време од помошниот глагол Qt'ti,што порано образувал футур во составот на инфинитивот“. Ваквата употреба на помошниот глагол hQt'ti е добиена токму под влијание на балканските несловенски јазици. Имено, во сите нив футурот се образувал на ист начин, при што скратената форма на глаголот „volere“ (сака) го означува третото лице во презент и всушност претставува морфолошки знак за идност. И албанскиот тип на идното време се образува на сличен начин, односно, како што посочува Демирај (Demiraj, 195) „eardhmja e formuar me pjesëzën e ngurosur foljore do (nga folja dua) dikur ka qenë përdorur si një future volitiv, që shprehte dëshirën e kryefjalës për kryerjen e një veprimi në kohën e ardhme.“ Секако дека развојот на петрифицираната честичка за образување идност минал низ неколку фазикај сите балкански јазици, вклучувајќи ги и македонскиот и албанскиот јазик.
Глаголите што влегуваат во составот на идното време во македонскиот јазик можат да бидат и од свршен и од несвршен вид (ќе играм, ќе одам, ќе изедам, ќе направам...).
Pages:
95 - 101