Vol. 5 | No. 9-10, 2018


ПРИДОНЕСОТ НА ВИКТОР ФРИДМАН ВО ПРОУЧУВАЊЕТО НА АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК КАКО ДЕЛ ОД БАЛКАНСКАТА ЈАЗИЧНА ЛИГА

Михајло МАРКОВИЌ, Соња НОВОТНИ

Abstract

Предмет на обработка и анализа во трудот со горенаведениот наслов е приказ и елаборација на придонесот на Виктор Фридман во промовирањето и истражувањето на албанскиот јазик во балкански контекст. Имено, рефератот опфаќа компарирање, проследување и анализирање на работата на Виктор Фридман како еден од најзначајните проучувачи на балканските јазици на денешницата, и неговиот придонес во албанологијата како лингвистичка целина низ призмата на балканскиот контекст. Проследивме неколку значајни трудови и дела на Виктор Фридман каде што тој го споредува албанскиот јазик со одделни балкански јазици, во кои ја дава сличноста и влијанијата кои балканските јазици ги имаат како припадници на една заедничка и компатибилна јазична единица. Дадовме и свои гледишта во однос на придонесот на Виктор Фридман кон албанскиот јазик како лингвист и своевиден албанолог преку приказ на неговите истражувања во областа на дијалектите на албанскиот јазик, како и стандардниот албански јазик во споредба со другите јазици кои се припадници на балканскиот лингвистички сојуз.

Pages: 102 - 109