РОДОВИОТ ИДЕНТИТЕТ ВО НАРАТИВОТ НА ИСАКУ
Марина ДАНИЛОВСКА
Abstract
Во трудот ќе се осврнеме на претставувањето на родовиот идентитет во прозното творештво на Мурат Исаку. Ќе посочиме дека културата е таа која ги наметнува разликите во однос на родот, ја создава дистинкцијата на машко/женско на која човекот се придржува. Така жената добива за неа специфични задолженија на кои молчаливо им се потчинува. Перцепцијата и вреднувањето на жената се движи во овие граници на дејствување. Во романите на Исаку ги издвојуваме традиционалните обрасци на родовата идентификација, каде ликовите, и машки и женски, функционираат во рамките на воспоставените вреднувања на родовата идентификација. Нив ги сретнуваме во улога на мајка, татко, деца, улога на семејни луѓе, кои ги почитуваат општествените правила, но се среќаваме и со ликови кои и покрај сè ги кршат истите тие правила.
Pages:
153 - 158