ЗА НЕКОИ ОНИМИСКИ ФРАЗЕОЛОГИЗМИ ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК
Михајло МАРОВИЌ, Соња НОВОТНИ
Abstract
Во македонскиот јазик можат да се проследат диференцијални онимски фразеологизми. Целта на овој труд е да се запознаеме со карактеристиките од фразеолошки аспект во областа на онимијата преку анализа и приказ на нивната фреквенција во македонскиот јазик. Човекот е во постојано опкружување од природата, па така среќаваме доста често фразеологизми мотивирани од имиња, својства, изгледот на растенијата и сл. Дел од онимиските фраелологизми се извадоци од дела на македонски автори, лингвисти и дијалектолози, односно од нивните собирани материјали на дијалектната македонска територија. Ние имињата на фразеологизмите во приказот ќе ги даваме во оригинална форма, односно онака како што ги среќаваме во македонскиот јазик, неговите дијалекти и неговиот фолклор.
Pages:
159 - 165