Vol. 7 | No. 13-14, 2020


ЛЕКСИКОГРАФСКИ ОГЛЕДИ (ПРИКАЗ НА ИЗБРАНИ ПРЕЗИМИЊА НА МАКЕДОНЦИТЕ И НА АЛБАНЦИТЕ)

Соња НОВОТНИ, Михајло МАРОВИЌ

Abstract

Во трудот којшто е предмет на работа е опфатен материјалот којшто ги проучува лексикологијата, лексикографијата, лингвистиката и ономастиката, со осврт на речниците на презимињата кај Македонците и кај Албанците. Преку методот на есцерпција, синтеза и систематизација ќе дадеме приказ на избрани презимиња кај Албанците и нивниот зборообразувачки состав и на избрани презимиња кај Македонците и нивната фреквенција. Целта на рефератот е да се приближи културолошко-лексикографскиот елемент во етнолингвистички рамки преку приказот на презимињата кај Македонците и Албанците, согледани од аспект на суфиксацијата, префиксацијата и етимолошкиот пристап кај истите. Со ваквата анализа ќе согледаме дали постојат сличности или диференцијални особености во презимињата на двата етноси.

Pages: 166 - 175